ПОВЕЌЕ

    Владата бара 50 милиони евра од домашните кредитори

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од вчера, на официјалниот пазар на Македонска берза може да се тргува со две нови државни обврзници. За вложените пари инвеститорите ќе добијат камата од 3,25, односно 5,1 процент, зависно каде ги насочиле средствата, кон тригодишните или кон 15-годишните обврзници за кои гарантира државата. Нивната вкупна вредност е 49,3 милиони евра.

    Обврзниците, кои побргу ќе стасаат за наплата, на 6 март 2028 година, се со девизна клаузула. Издадени се 6.700 вакви обврзници по номинални 10 илјади денари. Вредноста на емисијата е 67.000.000 денари, односно 1,09 милиони евра. За нив е предвидена каматна стапка од 3,25 проценти.

    Другата емисија е вредна 2.965.600.000 денари или 48,2 милиони евра. Издадени се 296.560 обврзници. За нив државата ќе пресметува камата од 5,1 процент, а враќањето на долгот е со датум 6 март 2040 година. Овие обврзници се без девизна клаузула.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично