ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНИЈА НЕМА РАБОТНИЦИ – Дали ова е вовед во економска катастрофа? Виктор Мизо за „Каде се парите?”

    Време зa читање: 2 минути

    „Македонските компании очајно бараат квалификувани работници, но младите се селат во странство. Во земја со 12% невработеност, деловниот сектор не може да најде кадар! Средните стручни училишта со години беа запоставени, а студентите повеќе сакаат да работат сезонски во странство отколку да градат кариера дома. Дали дуалното образование и државните мерки ќе го решат овој проблем? Или Македонија ќе стане земја без работна сила?“

    Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“.

    „Можеби начинот на работа и очекувањата од вработените е различно од мултинационални глобални компанији, каде што навистина се очекува ако имате седум и пол часа ефективна работа, без разлика дали работите во производство или во администрација, тоа значи дека тие седум и пол часа навистина треба да работите. Што, да не коментираме, но сигурно во јавната администрација тоа најчесто не е случајот.

    Дополнително, недостаток на интересна работа во индустрија, потоа недоволно практично знаење и искуство. И тоа недоволно практично знаење и искуство креира на некаков начин не заинтересираност да се работи во овакви струки.  Потоа несодветна едукација.

    Едно е практичниот дел, друго е теоретскиот дел и накрај имаме нешто што е случај во Македонија кој беше долго време, а тоа значи луѓето ја напуштат државата.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот, на нашиот ЈуТјуб канал. Не заборавајте да притиснете „сабскрајб“ и да го следите нашиот канал!“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично