ВФП ќе стекне 3.850 обични акции со право на глас во брокерската куќа Иново брокер. А, главниот извршен директор на ова друштво, Петар Андреевски, како физичко лице ќе има 1.190 акции. Согласност за стекнување квалификувано учество е дадена од страна на Комисијата за хартии од вредност.
Тоа значи дека ќе поседуваат по минимум десет проценти од вкупниот број издадени акциии од Иново брокер.
„Трансакциите за стекнување на акциите треба да се извршат во рок од 90 календарски денови од денот на добивање на согласноста. Комисијата заклучи дека Друштвото ВФП АД Скопје и лицето Петар Андреевски ги исполнуваат законските услови за акционери со квалификувано учество во Иново брокер АД Скопје и не претставуваат ризик за сигурното и стабилното функционирање на брокерската куќа“, пишува во информацијата од КХВ.