ПОВЕЌЕ

    УШТЕ ЕДНА БЕЉА НА ВРАТОТ: Кредит Свис ќе плати 926 милиони долари отштета на грузиски тајкун

    Време зa читање: 2 минути

    Суд во Сингапур донесе пресуда против Credit Suisse, дека банката ја прекршила својата должност да ги заштити имотите на поранешниот грузиски премиер Биџина Иванишвили, за што треба да плати отштета од 926 милиони долари. Овој презадолжен, погоден од скандали, некогашен швајцарски финансиски џин, кој наскоро и формално ќе престане да постои, откако беше одлучено да биде превземен, заедно со своите долгови од страна на некогашниот ривал УБС, веднаш објави дека ќе поднесе жалба на пресудата на судот во Сингапур.

    Со пресудата, банката ќе биде принудена да искешира 926 милиони долари доколку жалбата не успее. „Тужителите утврдија дека тужениот ја прекршил својата должност кон тужителите да ги зачува имотите на трустот на 30 март 2008 година“, се вели во пресудата објавена во петокот на Меѓународниот трговски суд во Сингапур. Credit Suisse рече дека пресудата е „погрешна“.

    Како резултат на спогодба, оваа сума треба да се намали за 79,4 милиони долари, рече судот во Сингапур.

    Банката беше погодена од низа скандали во последниве години, од поранешниот извршен директор Тиџане Тиам ангажирање приватни истражители за да ги шпионираат колегите од високиот персонал до поранешниот претседател Антонио Хорта Осорио кој беше принуден да се откаже откако ги прекрши ограничувањата за пандемијата Ковид-19 за да гледа тенис на Вимблдон.

    Повеќе од вековното наследство на банката наскоро и формално ќе биде преземено од нејзиниот долгогодишен ривал УБС, откако колапсот на довербата на почетокот од оваа година доведе до масовен одлив на капитал од банката, поради што швајцарската влада и реши да ги принуди двете банки на „брак под принуда“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично