ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка го зголемува почетниот капитал со трета емисија обични акции

    Време зa читање: 2 минути

    Почетниот капитал на ТТК Банка ќе се зголеми за 944,5 илјади евра и ќе достигне вкупни 15,8 милиони евра, информираат во известувањето доставено до Македонска берза за одлуката донесена од членовите на Надзорниот одбор.

    Основната главнина на ТТК Банка се зголемува со сопствени средства преку распределба на дел од минатогодишната добивка и исплата на дивиденда во акции со издавање нова емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, трета емисија на обични акции. Во одлуката на НО е донесена од Надзорниот одбор, а информацијата е доставена до Македонска берза, при што е наведено дека со таа емисија се издаваат 57.698 обични акции со номинална вредност од илјада денари за акција. И продажната цена е со истиот износ. Оттука, вкупната номинална вредност на оваа емисија е еднаква на вкупната продажна вредност – 57.698.000 денари, односно 944,5 илјади евра.

    По извршената трета емисија на акции, вкупниот капитал на ТТК Банка изнесува 965.586.000 денари, односно 965.586.000 акции со номинална вредност од илјада денари, пишува во известувањето.

    Исто така, има промена и во одлуката за нераспределената добивка за 2022, во износ од 60.855.368 денари (996,2 илјади евра). Дел од 26.872 денари се распределува за резерви, а за дивидендата е определен бруто износ од 60.828.496 (995,8 илјади евра). За исплата на дивиденда во акции „сразмерно на акционерите на Банката, преку зголемување на основната главнина по пат на издавање нова емисија на акциии“ се предвидени 57.698.000 (944,5 илјади евра). А, за исплата на дивиденда „во паричен износ на поединечни акционери, кои според висината на номиналната вредност од една кација и ограничувањата на регулаторните тела не можат да се стекнат со акции од новата емисија“ –  696.389 денари (11.400 евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично