Со важност од 1.10.2019 година, ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските депозити на физичките лица и денарските и девизните депозити во евра на правните лица.
Каматните стапки на денарските депозити на физички лица се намалени од 0,05 до 0,25 процентни поени и важат за сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити со фиксна каматна стапка, важечката каматна стапка ќе се применува на датумот на реорочување на депозитот.
Каматните стапки на денарските депозити на правните лица се намалени од 0,01 до 0,50 процентни поени додека пак каматните стапки на девизните депозити на правни лица во евра се намалени од 0,01 до 0,25 процентни поени и важат за сите новосклучени договори за депозити.
Каматните стапки се објавени кај секој депозитен производ на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, како и на огласните табли во експозитурите и филијалите на Банката.