ПОВЕЌЕ

    Трошоците на живот за една година пораснале за 6,7%, цените на мало за 7,3%

    Време зa читање: 2 минути

    Индексот на трошоците на животот во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи зголемување од 6.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 7.3 %

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, пак во јануари 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.5, а индексот на цените на мало изнесува 101.2.

    Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 4.3 %, рибата и морските плодови за 3.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.4 %, пивото
    за 2.6 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2.5 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.1 %, виното за 1.7 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за  1.5 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.4 %, лебот и житата, маслото и маснотиите за 1.2 %, жестоките пијалаци за 0.5 %.
    Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај централното греење за домаќинствата за 14.0 %, електричната енергија за домаќинствата за 9.4 %, чистењето.
    Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај воздухопловниот патнички транспорт за 8.4 %, медиумите за снимање за 4.2 %, обувките за 1.7 %, парамедицинските услуги за 1.2 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.9 %.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично