ОГЛАС
За да се стекнете со статусот овластен агент за продажба на Триглав пензиско друштво АД, Скопје, треба да ги исполнувате следните услови:
• Да сте државјанин на Република Северна Македонија, односно доколку сте
странец да имате регулиран статус на странец во државата согласно закон;
• Да имате завршено минимум средно образование;
• Да не сте во работен однос во:
– Фондот за пензиско и инвалидско осигурување;
– Фондот за здравствено осигурување;
– Агенцијата за вработување;
– Управата за јавни приходи; или
– Агенција за привремени вработувања.
• Да немате изречена санкција: Забрана за вршење на професија, дејност или должност во областа на економијата, финансиите, осигурувањето, банкарството и
правото;
За стекнување на статус на агент, секој кандидат е потребно да положи стручен испит за
агент на пензиско друштво. Испитот за агенти го организира и спроведува Агенцијата
за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. Трошоците
за полагањето и стекнувањето на статус на овластен агент за Триглав пензиско друштво
АД, Скопје ги сноси друштвото.
Активности кои ги вршат овластените агенти
промовирање на карактеристиките на реформираниот пензиски систем;
• зачленување на нововработени лица и премин на постоечки членови од друг
задолжителен пензиски фонд во Триглав отворен задолжителен пензиски
фонд, односно од друг доброволен пензиски фонд во Триглав отворен
доброволен пензиски фонд;
• објективно и навремено обезбедување на податоците поврзани со
работењето на Друштвото и на Фондовите, на постоечките и/или идни
членови
Доколку сте заинтересирани да станете дел од продажниот тим на Триглав Пензиско Друштво АД, Скопје,
Ве повикуваме најдоцна до 16.09.2019 да ја доставите Пријавата за агент.