ПОВЕЌЕ

    Триглав осигурување со нова Одлука за одредување на месечен паушал на неизвршните членови на Одборот на директори

    Време зa читање: < 1 минутa

    На 52-та седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје, одржана на 30.10.2019 година, донесенa е Одлука за одредување на месечен паушал на неизвршните членови на Одборот на директори за основна награда и додаток на вршење на функцијата на членот.

    Во Одлуката стои дека основната награда изнесува:

    -350 евра во бруто износ за неизвршните членови на Одборот на директори кои се вработени во Групацијата Триглав и
    -1.000 евра во бруто износ за неизвршните членови на Одборот на директори кои не се вработени во Групацијата Триглав.

    Додека, додатокот за вршење на функција, согласно Одлуката изнесува:

    -за вршење на должност претседател на Одборот на директори во висина од 70% од основната награда и
    -за вршење на функција член/одбор во висина од 10% од основната награда, односно 20% од основната награда за вршење на функција претседател на комисијата/одборот.

    На месечен паушал, неизвршните членови на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје, имаат право за времетраење на мандатот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично