
Октомври традиционално е месец посветен на штедењето, но добрата финансиска одлука не е само да издвоите средства настрана, туку да им овозможите да создаваат дополнителна вредност за вас.
По големиот интерес за Промо депозитот на ПроКредит Банка, промотивната понуда продолжува и во текот на октомври. Клиентите и понатаму имаат можност да ја орочат својата заштеда со фиксна каматна стапка до 3,65%, со јасно дефиниран принос и сигурност во текот на целиот период на орочување.
Понудата вклучува:
- до 3,65% фиксна каматна стапка за депозити во денари, со период на орочување до 25 месеци;
- до 2,75% фиксна каматна стапка за депозити во евра, со период на орочување до 25 месеци.
На тој начин, средствата што не ви се распределени, не мора само да останат на сметка. Со нивното орочување, тие добиваат можност да работат за вас и да ви донесат дополнителен принос.
Аплицирањето за Промо депозитот можете да го завршите на начин кој вас најмногу ви одговара:
- во најблиската филијала на ПроКредит Банка;
- онлајн преку pcb.mk;
- директно преку мобилната апликација на ПроКредит Банка.
Минималниот износ за орочен депозит со месечна исплата на камата изнесува 6.000 денари, односно 100 евра. Ова е одлична можност секој заинтересиран штедач да орочи сума по свој избор.
Овој октомври, во Месецот на штедењето, направете повеќе со парите што веќе сте ги издвоиле. Орочете ја вашата заштеда со Промо депозитот на ПроКредит Банка и обезбедете фиксна каматна стапка до 3,65%.
Дознајте повеќе за Промо депозитот и орочете ја вашата заштеда.
ПР Објава.
Аналитика








