ПОВЕЌЕ

    По пријави од граѓани – две финансиски друштва добија 30-дневна забрана за кредитирање

    Време зa читање: 2 минути

    Две кредитни друшта добија забрана за издавање кредити во период од 30 дена. Ќе платат и казна за неправилностите при работењето пријавени од клиенти, а утврдени при вонредниот надзор спроведен од Министерството за финансии. Контролите биле реализирани во текот на последните три месеци.

    „Надзорот над финансиските друштва се спроведува согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, преку континуирано вонтеренско следење и непосредни контроли. Активностите на финансиските друштва се следат континуирано при што особено внимание се посветува на претставките, пријавите и информациите доставени од граѓаните, како значаен извор на сознанија за работењето на овие субјекти и за евентуалните ризици за корисниците на финансиски услуги“, соопштија од Министерството.

    Оттаму и охрабрувањето упатено до граѓаните кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва, да поднесат пријава. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр.12 Скопје и на електронската адреса: [email protected].

    Исто така, од Финансии ги истакнуваат и резултатите од континуираниот надзор:

    „Од јули 2024 година е изречена мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности“.

    Надзорот над финансиските друштва ќе продолжи, засилено ќе се следи нивното работење. Министерството за финансии и натаму ќе преземање соодветни мерки во рамките на своите законски надлежности, со цел унапредување на законитоста и транспарентноста во работењето и зајакнување на заштитата на граѓаните како корисници на финансиски услуги.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично