ПОВЕЌЕ

    Пари на сметка и во недела и на празник – Македонија се приклучува кон системот за инстант плаќања

    Време зa читање: 2 минути

    Пари ќе може да се префрлаат и во недела навечер, на празник или по завршувањето на работното време на банките. Македонија се приклучува кон регионална платформа што треба да им овозможи на граѓаните и компаниите да вршат домашни инстант плаќања 24 часа дневно, седум дена во неделата.

    Завршувањето на процесот за воспоставување на платформата беше одбележано во Банката на Италија во Рим, каде што гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се обрати пред италијанскиот гувернер Фабио Панета и гувернерите од Западен Балкан. На платформата, изградена по моделот на европскиот систем ТИПС, заеднички работеа пет централни банки од регионот.

    Славески го оцени приклучувањето како значаен чекор за усогласување на домашните плаќања со европските стандарди. Тој ја поврза иницијативата со Акцискиот план за заеднички регионален пазар и со Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

    За прекуграничните плаќања во евра, Славески посочи дека приклучувањето кон СЕПА веќе донело пониски трошоци. Според податоците што ги изнесе, надоместоците за тие плаќања се шестпати пониски за граѓаните и деветпати пониски за компаниите. Заштедата за економијата во првата година од оперативното учество во СЕПА се проценува на повеќе од 5 милиони евра.

    Направи паметна одлука денес – Со ПроКредит Банка до Нула трошоци доживотно

    Народната банка планира врз новата инфраструктура да развива и дополнителни дигитални услуги. Според Славески, тие треба да им олеснат на трговците и малите бизниси да прифаќаат инстант плаќања и да ја поддржат дигитализацијата во приватниот и јавниот сектор.

    Од пензиска заштеда до пензиски приход: како да се избере најсоодветниот начин на исплата?

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично