ПОВЕЌЕ

    Направи паметна одлука денес – Со ПроКредит Банка до Нула трошоци доживотно

    Време зa читање: 3 минути

    Префрлете ја платата или пензијата во ПроКредит Банка и добијте доживотно бесплатно одржување на сметка, бесплатна Visa дебитна картичка и бесплатно електронско и мобилно банкарство.

    Кога станува збор за личните финансии, сите сакаме едноставни решенија, помалку трошоци и банка на која можеме да се потпреме.

    Со понудата „Нула Доживотно“, ПроКредит Банка им овозможува на новите клиенти кои ќе ја префрлат својата плата или пензија да користат банкарски пакет без месечен надомест за одржување, и тоа доживотно.

    Пакетот вклучува бесплатно одржување на трансакциска сметка, бесплатна Visa дебитна картичка, како и бесплатно мобилно и електронско банкарство. На тој начин, клиентите добиваат сè што им е потребно за секојдневно управување со своите пари, без дополнителен месечен трошок за пакетот.

    Но, поволностите не завршуваат со заштедата.

    Со Visa дебитната картичка клиентите можат едноставно да плаќаат во продавници, онлајн или во странство, додека преку мобилната апликација на ПроКредит Банка можат да ги следат своите финансии и да извршуваат електронски плаќања во секое време, таму каде што се.

    Современо банкарство што го следи вашето секојдневие

    Како банка со долгогодишно искуство и стабилно присуство на македонскиот пазар, ПроКредит Банка постојано работи на подобрување на услугите и развивање решенија што им го олеснуваат секојдневието на клиентите.

    Во основата на овие промени се потребите и искуствата на клиентите. Банката вложува во дигитални услуги што заштедуваат време, ги поедноставуваат банкарските постапки и овозможуваат поголема самостојност во управувањето со личните финансии, без непотребно чекање и административни обврски.

    Банката треба да биде таму каде што сте вие.

    Со мобилното и електронско банкарство на ПроКредит Банка, голем дел од секојдневните банкарски обврски може да се завршат брзо, едноставно и без посета на филијала. Клиентите можат целосно онлајн да отворат сметка, да префрлаат пари, да штедат, да аплицираат за кредит и да управуваат со своите платежни картички – да блокираат или деблокираат картичка, да го менуваат лимитот за картичните плаќања, да ја сокријат состојбата на сметката.

    Дополнително, клиентите можат да менуваат девизи преку мобилната апликација и да ги подигнат еврата директно на банкомат.

    Наместо да го планираат денот според работното време на банката, клиентите можат да управуваат со своите финансии тогаш кога ним им одговара.

    Изборот на банка не треба да биде само навика. Тоа е одлука што влијае на начинот на кој секојдневно располагаме со своите пари. А кога една одлука ви носи подобри услови и помалку трошоци, вреди да ја направите.

    Префрлете ја платата или пензијата во ПроКредит Банка и искористете ја понудата „Нула Доживотно“.

    Аплицирајте на онлајн формата и добијте повеќе информации на pcb.mk или во контакт центарот на банката на 02/2 446 000.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично