ПОВЕЌЕ

    Трет мандат за професорите Филиповски и Ќосев во НО на Стопанска банка Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Професорите од Економскиот факултет при УКИМ, Владимир Филиповски и Сашо Ќосев и официјално добија уште еден, трет четиригодишен мандат како членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје. Одлуките за нивното повторно именување се потврдени на акционерското Собрание.

    Нивното прво именување на позициите во Надзорниот одбор било во 2016 година, а актуелниот мандат се заокружува на 27 мај.

    Стручноста на Филиповски во областа на финансиите и познавањето од домашниот пазар се ценат како значителни за управувањето со скопската Стопанска банка, а неговата проценка на соодветноста покажува дека има позиција и профил на образование кои и натаму се релевантни за местото во Одборот.

    Од Банката сметаат дека Ќосев има значителен придонес во надзорот на Одборот, во стратешките насоки и работењето на одборите на Надзорниот одбор, а неговата независност, експертизата во доменот на макроекономијата и познавањето од домашниот и регионалниот пазар се многу важни за целокупното управување сo Стопанска банка.

    Одлуките за реименувањето стапуваат во сила откако ќе се добие согласност од гувернерот на Народната банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично