ПОВЕЌЕ

    Трансформирај ја твојата кариера со Axapta Learning Center – Водечки едукативен центар за Microsoft бизнис технологии

    Време зa читање: 3 минути

    Axapta Learning Center е водечки едукативен центар во регионот кој е специјализиран во нудење на обуки за најновите Microsoft бизнис технологии. Програмите на центарот се дизајнирани да ги задоволат потребите на секој кој сака да направи промена на својата кариера или пак да го зголеми своето знаење и да се стекне со нови вештини.

    Во моментот имаме четири програми за Data Analyst, Business Analyst, Power Apps Developer и Business App Developer. Секоја програма е дизајнирана да го подготви студентот за работа во соодветната област и да му овозможи конкурентска предност на пазарот на труд. По завршувањето, студентите имаат можност да полагаат за официјална Microsoft сертификација, која е глобално призната. Оваа сертификација им нуди можност да работат во компании од целиот свет и да ја користат својата нова стекната експертиза”, вели Јована Јаневска, координатор за односи со јавност.

    Покрај квалитетното образование и високиот степен на експертиза, Axapta Learning Center нуди и можност за вработување во еден од најбрзо растечките сектори на светскиот пазар.

    “На светско ниво постои голема потреба за кадри со експертиза во областа на Microsoft бизнис технологиите. Затоа и студентите кои ги завршуваат нашите програми имаат голема конкурентска предност на пазарот и можат лесно да најдат работа во голем број на компании во земјата и надвор од неа. Програмите се спој на теоретски и практични часови, тестови и вежби, на кои студентите работат на проекти на клиенти од целиот свет. Во зависност од напредокот и покажаните резултатите за времетраењето на обуката постои можност и за вработување веднаш по завршувањето во Axapta Masters”, додава Јаневска.

    Важно е да се истакне дека за посетување на обуките на Axapta Learning Center не е потребно претходно техничко образование. Програмите се соодветни за студенти со различен степен на знаење и искуство, единствено е потребно познавање на Microsoft Excel, што претставува базична вештина која се бара во повеќето бизниси. Затоа, секој кој има познавање на Excel и сака да направи трансформација на својата кариера, може да се пријави на било која програма на Axapta Learning Center и да започне со учење на нови вештини и технологии.

    Axapta Learning Center е вистински партнер на секој кој сака да ја подобри и унапреди својата професионалена кариера. Со квалитетното образование и практичните проекти, студентите добиваат можност да се стекнат со нови вештини и да го подобрат својот перформанс на работното место. Покрај тоа, програмите на Axapta Learning Center им нудат можност на студентите да се придружат на најбрзо растечките бизнис сектори на светско ниво.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично