ПОВЕЌЕ

    TOW: Вредност на еден производ

    Време зa читање: 3 минути

    Еден пријател, минатата недела, ми раскажа интересна приказна што му се случила нему, кога купувал кола пред некоја година. Не сум сигурен кои беа точните бројки, но тоа и не е толку важно. Поважна е суштината од овој разговор.

    Да речеме дека пазарната вредност на колата била 10.000 еур. Тој ми вели, кога ја видов, си реков дека за оваа кола би дал и 11.000 еур. Но, нормално, преговарајќи (ценкајќи се) со сопственикот, стигнал до цена од 9.500 еур. Тој секако бил задоволен од преговорите, бидејќи ја намалил првичната цена и го потпишал договорот. Кога правеле примопредавање на колата, на шега му споменал на продавачот дека, ако му побарал и 11.000 еур, тој немал да се мисли и ќе ја купел и за таа цена. Продавачот му одговорил, „јас ќе ти ја дадев и за 9.000 еур”.

    Што се случило!? Од една страна и двајцата добиле повеќе од што очекувале (win-win) – едниот ја продал колата за повеќе од она што го поставил како крајна цел/сума (9.000 еур), а другиот добил цена пониска од онаа што ја дефинирал како највисока (11.000 еур). Но, од друга страна, може да се каже дека и едниот и другиот изгубиле. Ниту продавачот не добил повеќе од она што можел да продаде, ниту купувачот не ја добил најдобрата цена.

    Дали тие изгубиле или добиле!?

    Ако размислуваме логички и рационално, нормално дека изгубиле. Не ги добиле, ниту едниот ниту другиот, најдобрите услови. Но, ако размислуваме емотивно, и двајцата добиле повеќе од што планирале, тогаш секако и двајцата се во корист.

    Односно, сè е до перцепцијата на она што го купувате. Мојот пријател има фантастична филозофија и вели – кога купувам нешто, ако ми влегува во мојот планиран буџет, никогаш не се „ценкам”. Ако јас сум задоволен со производот и цената, мене не ме интересира дали сум можел да добијам повеќе или помалку.

    Тука, во суштина, најважен е психолошкиот карактер на секој купопродажен процес. Психологијата вели дека, кога купувате нешто, прво реагирате емотивно, а потоа одлуката да ја анализирате рационално (дали ви треба, колку чини, дали имате сличен производ итн.). Рациото е она што откако ќе купиме некој производ, и првично сме задоволни од него, ни прави проблеми т.е. ја менува нашата перцепција за неговата вредност. Ако отпосле направиме анализа на конкурентите, цените, квалитетот, карактеристиките, сигурно ќе откриеме дека некаде сме згрешиле. Но, на тој начин не само што ќе се чувствувате лошо, ќе изгубите и многу време во барање на некој друг подобар производ.

    Во секој случај, може да заклучиме дека вредноста на еден производ не зависи од ништо друго, освен од тоа колку вие се чувствувате убаво и среќно со тој производ. Ако сте задоволни, ако ги исполнува вашите критериуми и потреби, не го вклучувајте мозокот и не си го расипувајте денот.

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично