ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка вработува дилер на финансиски пазари

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска Банка АД Скопје вработува дилер на финансиски пазари во Секторот за средства и ликвидност.

    Таа позиција ги опфаќа следните работни обврски:

    купопродажба на странски платежни средства на девизниот пазар;

    одржување и унапредување на односите и соработката со клиентите и филијалите на СБ;

    тргување на пазарот на пари (депозити);

    тргување со хартии од вредност (државни записи и обврзници);

    тргување со ефективни парични средства;

    формирање на курсните листи за СБ;

    подготвување интерни и екстерни извештаи и организирање база на податоци.

    Според критериумите на Банката, кандидатите треба да ги исполнуваат овие услови:

    ВСП – Економски факултет/Бизнис администрација;

    најмалку 3 години релевантно работно искуство во финансиска институција ќе се сметаат како предност;

    одлично познавање на англиски јазик;

    одлично познавање на Microsoft Office.

    За оваа работна позиција Банката бара динамична личност со способност за преземање иницијативи; способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови; одлични организациски и комуникациски вештини; прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето; висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

    Кандидатите кои имаат претходно работно искуство со тргување на финансиски инструменти или поседуваат ACI Dealing Certificate ќе се смета дека имаат предност при вработувањето.

    Вработувањето е на определено време со можност по истекот да премине во вработување на неопределено време. Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со почеток од 8ч-9ч и крај на работното време од 16ч-17ч во седиштето на Банката, улица 11 Октомври бр.7, Скопје.

    Висината на основната плата ќе се дефинира врз основа на работното искуство и исполнувањето на критериумите од страна на кандидатот.

    Заинтересираните треба да ја пополнат апликацијата на веб страницата на Банката www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, со назнака за кое работно место аплицираат. Рокот за тоа е до 11 јули.

    Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавените кандидати, а само селектираните ќе бидат известени и повикани на разговор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично