ПОВЕЌЕ

    Стопанска Банка етапно ќе ги исплати јануарските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти, информираат од Стопанска Банка АД Скопје.

    Со пензиите за месец јануари, клиентите ќе можат да располагаат од 26.01.2021 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, информираат од Банката.

    Од Банката информираат дека, готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    1. До 11.000 денари на 26.01.2021 (вторник)
    2. 11.001-14.000 денари на 27.01.2021 (среда)
    3. 14.001-18.000 денари на 28.01.2021 (четврток)
    4. Над 18.001 денари на 29.01.2021 (петок)

    Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Клиентите при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија, информираат од Банката.

    Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

    Воедно, Банката апелира за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

    Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично