ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје оствари добивка од 8,8 милиони евра за три месеци

    Време зa читање: < 1 минутa

    Стопанска банка АД Скопје во првите три месеци од годинава оствари добивка по оданочување од 546 милиони денари (8,8 милиони евра), што е зголемување во однос на истиот период минатата година кога добивката на банката изнесувала 539 милиони денари (8,7 милиони евра), покажува неревидираниот биланс на успех на банката објавен преку Македонската берза.

    „Кон крајот на овој квартал се случи пандемија Kовид -19 која започна да се шири на глобално ниво предизвикувајќи сериозни импликации врз здравјето на луѓето со соодветен голем импакт и во економската сфера.

    Стопанска банка АД Скопје веднаш презеде мерки за заштита како на вработените така и на клиентите, со почитување на сите препораки кои започнаа да се објавуваат од страна на сите релевантни авторитети.

    Менаџментот на банката ќе продолжи активно да го следи развојот на кризата и да презема мерки и активности за ублажување на ефектите, како за банката така и за нејзините клиенти“, соопшти банката.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично