ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка-Битола очекува пет пати повисока добивка годинава

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка Битола со амбициозен план за зголемување на добивката за оваа година. Во објавениот план, банката во 2021 година испланирала зголемување на нето добивката за дури 427 %.

    Податоците објавени на Македонска берза покажуваат дека лани Стопанска банка Битола ја завршила со добивка од 81.4 милиони денари или 1.3 милиони евра. Во новиот план за 2021 година банката објавила дека очекува добивка од 429,5 милиони денари односно 6,9 милиони евра.

    Споредено со минатата година Стопанска банка Битола проектирала повисока добивка за 5,6 милиони евра, односно раст од 427 проценти.

    Зацртаната добивка најмногу ќе ја полнат преку ставката останати приходи од дејноста, каде што банката забележува зголемување во новиот план за 1839 проценти. Ако лани од оваа ставка се собрани 23,7 милиони денари, годинава се очекува да се соберат 460,7 милиони денари.

    Според менаџментот на банката, проекциите за нето добивката им се направени на реални очекувања.

    – Очекуваме повисока добивка бидејќи очекуваме годинава да имаме наплата на нефункционални пласмани кои се од 2011 година, а на кои работевме последните години како да се наплатат и сега е создадена ситуација да се реши тој проблем, велат од Стопанска банка Битола.

    Стопанска банка Битола по големина на актива влегува во групата на средни банки во земјава. Нејзината актива изнесува 179 милиони евра и е десетта на листата од вкупно 14 банки на пазарот.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично