ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка ја проширува мрежата: Отворена нова експозитура во Драчево

    Време зa читање: < 1 минутa

    Услугите на Шпаркасе Банка се подостапни за жителите на Драчево. Отворена е нова експозитура лоцирана на улицата Ратко Митровиќ бр.73-1/2. Работното време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.

    Експозитурата е опремена со еколошко одржливи матријали, согласно стратегијата на банката за одржливост и заштита на животната средина. Целта е, во тој современ амбиент да се обезбеди врвно корисничко искуство во доменот на депозитното и благајничкото работење, во кредитирањето, платниот промет и другите банкарски сервиси.

    Преку отворањето модерни експозитури, Шпаркасе Банка одговара на потребите на клиентите, овозможувајќи им поголема достапност, отворена комуникација и ефикасно опслужување. Во секоја од експозитурите можат да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги.

    Продажната мрежа на Шпаркасе Банка сега брои 36 експозитури на територијата на Македонија, од кои 17 се во Скопје и 19 надвор од главниот град.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично