ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка Македонија предвреме ќе врши исплата на јунските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите ценети клиенти пензионери дека пензиите за јуни ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 26 јуни 2020 година во четири групи.

    Со јунските пензии, пензионерите ќе може да располагаат преку своите дебитни картички за подигнување на готовина преку мрежата од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка) или да плаќаат безготовински кај трговците.

    Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

    • На 26.6.2020 година (петок) ќе се исплаќаат пензиите со износ до 11.000 денари;
    • На 29.06.2020 година (понеделник) ќе се исплаќаат пензиите со износ од 11.001 до 14.000 денари;
    • На 30.6.2020 година (вторник) ќе се исплаќаат пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари;
    • На 01.7.2020 година (среда) ќе се исплаќаат пензиите со износ над 18.001 денари.

    Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    Шпаркасе Банка Македонија препорачува средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Банката упатува за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

    Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите, Банката замолува да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично