ПОВЕЌЕ

    Инструкции и информации од Шпаркасе Банка за новата домашна картичка

    Време зa читање: 4 минути

    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е една од деветте банки преку кои ќе се издава „Домашната платежна картичка“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. Преку купување на само домашни производи и услуги ќе се помогнат ранливите категории, граѓаните со ниски примања погодени од кризата, невработените лица, граѓаните кои се вработени но имаат близу минимална плата. Во проектот се опфатени и младите студенти, како и лекарите и здравствените работници кои се во првата линија во борбата против коронавирусот Covid-19.

    За да проверите дали Вашата картичка ќе се издава преку Шпаркасе Банка АД Скопје, Ве молиме да ја посетите веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

    Банката Ви овозможи на лесен и едноставен начин, со внесување на Вашиот Единствен матичен број да проверите преку која експозитура ќе биде издадена Вашата „Домашна платежна картичка“, како и да се информирате преку Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

    Важно: Банката дополнително ќе објави информација за датумот од кој картичката ќе биде достапна за преземање од страна на клиентите во една од експозитурите на Банката.

    Домашна платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ е платежна картичка издадена од Банката, со ознака „КУПУВАМ ДОМАШНО“, на чија поврзана трансакциска сметка се исплатува финансиската поддршка согласно Уредба со законска сила*.

    Домашна платежна картичка на корисниците ќе им ја издава банката преку која примаат плата или преку која им е извршена последната трансакција доколку лицето има повеќе картички. Од Министерството за финансии појаснуваат дека ако лицето нема трансакциска сметка во една од деветте банки со кои се потпишани договори, по пат на фер распределба ќе биде распределено во една од банките и ќе му биде отворена сметка и ќе му се издаде картичка. Владата ќе ја врши оваа распределба, по фер принцип.

    Како граѓаните ќе ја добијат финансиската поддршка?

    ЕДНОСТАВНО И БЕЗ ПОСТАПКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ!

    • Листата на граѓани на кои им следи финансиска поддршка е објавена на веб страницата: www.kupuvamdomasno.gov.mk.
    • Со внесување на својот ЕМБГ секој граѓанин ќе може да го провери износот кој му следи и да добие инфромација за банката издавач која ќе му ја издаде картичката.
    • За картичките не се аплицира и не се поднесува никакво барање во Банката.
    • Картичките се издаваат единствено лично на корисникот на финансиска помош, со важечки документ за идентификација (лична карта или пасош).
    • За малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ извод од матична книга на родени.
    • Финансиската помош со домашната платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ ќе може да се користи согласно Уредбата со законска сила од денот на приемот на картичката до 15.08.2020 година. По истекот на овој рок, престанува можноста за користење на финансиската поддршка согласно Уредбата со законска сила.
    • Важни информации за корисниците: www.kupuvamdomasno.gov.mk.

    За кого е наменета оваа мерка?

    • Граѓани со низок доход 9.000 МКД

    Приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22.05.2020 година и кои оствариле нето до 180.000 МКД во 2019 година и нето до 60.000 МКД во период јан-април 2020 година согласно евиденцијата на УЈП.

    • Вработени со низок доход 3.000 МКД

    Лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 МКД на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП.

    • Млади лица 3.000 МКД

    Лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години на 22.05.2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.

    • Здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19 40% од основната нето плата

    Вработени во ЈЗУ, Клиника за ингективни болести, ИЗЈ, ЦЈЗ, брза помош, инфективните одделенија и ангажирани работници во други одделенија ангажирани заради тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19.

    Каде и за што ќе може да се користи картичката? 

    ДОМАШНАТА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА може да се користи за купување на МАКЕДОНСКИ производи и услуги во:

      • Ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции
      • Трговија на мало продавници за храна и пијалоци
      • Зелени пазари
      • Аптеки
      • Фризерски салони и салони за разубавување


    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично