ПОВЕЌЕ

    СКАПИ СТАНОВИ, А ИЛЈАДНИЦИ НЕПРОДАДЕНИ — ИМА ЛИ БАЛОН?

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на становите во Македонија во последните неколку години доживеаја вистински бум и се на рекордно високо ниво за квадратен метар. Но, спротивно на пазарната логика, иако на пазарот расте бројот на непродадени новоизградени станови кои се евидентирани во Агенцијата за катастар на недвижности, расте и цената на становите. Поради ваквата нелогичност се поставува прашањето дали пазарот навлегува во ризична зона и дали постои можност за создавање балон во градежниот сектор. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, вели дека Народната банка внимателно го следи кредитирањето поврзано со недвижностите и анализира дали постојат ризици на пазарот на станови, но засега не гледа знаци за постоење на балон. Тој објаснува дека Народната банка веќе ги затегнала условите за кредитирање, особено за купување втор и трет стан. Целта е да се спречи прекумерно задолжување, да се намали ризикот од шпекулативно купување недвижности и да не се дозволи прегревање на пазарот.

    „Имаме забавување во првиот квартал, како што е познато, на растот на цените на недвижностите, од оние 25% квартал на квартал во последното тримесечие од 2025 година, сега тоа се симна некаде 16,7% и податоците од Катастарот на недвижностите кои што делумно и вие ги цитиравте, укажуваат на извесна стабилизација, односно ладење на пазарот на недвижности, така што во наредниот период да очекуваме дека тој тренд нели ќе продолжи..“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично