ПОВЕЌЕ

    „Шел“ се подготвува за енергетска транзиција

    Време зa читање: 2 минути

    Британско-холандската нафтена компанија „Ројал Дач Шел” се обидува да намали до 40% од цената за производство на нафта и гас за да заштеди пари. На тој начин се планира да го обнови својот бизнис и да се фокусира повеќе на обновливите извори на енергија и пазари на електрична енергија, велат извори за „Ројтерс“.

    Новиот план за намалување на трошоците на „Шел“,  се очекува да заврши оваа година, со што ќе се влијае на нејзините три главни сегменти и сите заштеди ќе бидат над целта од 4 милијарди американски долари, која е поставена како резултат на кризата од Ковид 19.

    Намалувањето на трошоците е од витално значење за „Шел“ со цел да премине во енергетскиот сектор и обновливите извори на енергија каде што маргините се релативно ниски. Конкуренцијата, исто така, најверојатно ќе се интензивира со комуналните претпријатија и ривалските нафтени компании, вклучувајќи ги „БП“ и „Тотал“, кои се борат за удел на пазарот, бидејќи економиите низ целиот свет одат во зелена боја.

    Имавме одличен модел, но дали е исправен за во иднина? Разлика има, тука не станува збор само за структурата, туку и за културата и за типот на компанијата каква што сакаме да бидеме во иднина“, рече висок извор на „Шел“, кој одби да биде именуван.

    „Шел“ истражува начини да ги намали трошоците за производство на нафта и гас.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично