ПОВЕЌЕ

    СЕ БАРААТ ЗАКУПЦИ за „МАКЕДОНСКО СЕЛО“ – почетна цена 4.000 евра

    Време зa читање: 2 минути

    По шест години затворени порти, од први јуни комплекост „Македонско селоповторно ќе заживее, доколку поставените услови во објавениот владин оглас се прифатливи за потенцијалните закупци. Почетната цена за закуп на целиот комплекс е 240 илјади денари или околу четири илјади евра. А, за концесија на поединечни делови, стартните износи се: 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.

    Од владината Служба за општи и заеднички работи уверуваат дека „на законски и транспарентен начин ќе биде одлучено кој во иднина ќе стопанисува со Македонско село“. Конкретно, изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку систем со  кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи. „Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година“, наведуваат од СОЗР.

    Комплексот лоциран на Водно, наспроти манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, е затворен од 2018 година, со одлука на тогашниот менаџмент поради нерентабилност и загуби. Концесионер беше Владимир Тодоровиќ, сопственикот на „Тинекс“ и екс градоначалник на Центар. „Во меѓувреме, СОЗР редовно ги подмируваше трошоците за осигурување и обезбедување“, нагласуваат од таму, додавајќи дека е достигнат износ од околу 350.000 евра.

    „Веруваме дека со избор на нов концесионер, ќе придонесеме за развој на туризмот, ќе ја стимулираме локалната економија и ќе создадеме нови можности за вработување. Со обновата на комплексот Македонско село ќе се создадат и услови за посети од туристи и домашни гости, што ќе ја зајакне туристичката инфраструктура и понуда во регионот, а истовремено ќе придонесеме и за презентирање на традиционалните македонски занаети, културното наследство и автентичната архитектура“, велат ос СОЗР.

    Во составот на комплексот се 12 тематски куќиберовска, делчевска, кумановска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора. Во изградбата која почна во 2011, а заврши во 2016, беа потрошени 6,5 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично