ПОВЕЌЕ

    СЕ БАРА БРЗО РЕШЕНИЕ ЗА ПЛАТИТЕ, замрзнување нема

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната плата да е основа за пресметка на платите во јавниот сектор е прифатлива за министерот за финансии, Фатмир Бесими. Предлогот произлезе од синдикатите, во разговорите за новата методологија за примањата во тој сектор. Воедно, тој посочи дека се залага што побрзо да се донесе решение, а воопшто не споменал дека примената ќе стартува вгодина.

    Исто така, негира дека како опција постои можност за замрзнување на платите.

    „Во никој случај такво нешто не е спомнато, напротив, во последните три-четири години постојано во целиот јавен сектор правиме движење на платите. Во образованието, во здравството, во безбедносните структури, во инспекторатите, во судството, во обвинителствата… Секаде каде што е констатирана потреба, секоја година имало коригирање на платите нагоре. Сега се бара системско решение, кое ќе важи за сите. Тоа ќе го решиме со една методологија која ќе важи за целиот јавен сектор, ќе има општ колективен договор и потоа по области, во зависност од комплексноста на работењето, ќе се одредат спецификите“, нагласи Бесими.

    Во соработка со синдикатите разгледуваат три сценарија за платите во јавниот сектор. Целта е да најдат решение со кое ќе нема потреба на секои шест месеци да се преговара со синдикатите за зголемување на платите, туку тоа да се одвива во рамките на законот и колективниот договор. Всушност, по принципот според кој се придвижуваат минималната плата и пензиите.

    Освен тоа, укажа дека решението треба да понуди достоинствени плати за државната администрација и да не дозволи одлив на кадар, каков што е случајот со Министерството за финансии, каде што платите интервентно се зголемени за да се задржат вработените.

    „Во изминатите четири години 20 отсто, или повеќе од 170 вработени го напуштиле Министерството за финансии. Тоа е сериозна бројка, на која мора да внимаваме. Буџетот и трезорот треба да имаат сервисирање но, за жал, квалитетните заминуваат. Платите во приватниот сектор за делот финансии се со позначителна разлика. Затоа е најдено сегашното решение, кое како пракса го има и во други земји“, рече министерот Бесими. Воедно, појасни дека тој ресор нема биде изоставен од новото системско решение.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично