
96 дена неизвесност, страв и солзи, а потоа 269 дена исполнети со радост, прегратки и среќа. Малата Рита, најмалото бебе родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, наполни една година.
За својот прв роденден таа повторно дојде на местото каде што ја започна својата најголема животна битка, на Одделот за неонатална интензивна нега. Но овојпат не како пациент, туку како весело, разиграно и насмеано девојче кое со своето присуство потсети на една од најголемите победи на тимот што се грижеше за неа.
Роденденот го прослави со своите родители, но и со докторите и медицинските сестри со кои ги помина првите три месеци од животот, луѓето кои во најтешките моменти беа постојано покрај неа и покрај нејзиното семејство.
За родителите на Рита ова беше средба исполнета со огромна радост, но и со силни емоции. Велат дека засекогаш ќе ја паметат грижата, поддршката и посветеноста на целиот медицински тим кој во првите, најнеизвесни денови од животот на нивната ќерка се бореше заедно со неа.
ОД 610 ГРАМА ДО НАСМЕАНО ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ
Приказната на Рита започна многу порано од очекуваното. Таа се роди во само 24. гестациска недела, со родилна тежина од 610 грама – на границата на можностите на современата неонатологија. Толку мала и кревка, а сепак со неверојатна желба за живот, Рита уште од првиот здив покажа дека е голем борец.
Следуваа 96 дена лекување на Одделот за неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина“. Денови исполнети со неизвесност за нејзините родители, но и со постојана борба, грижа и надеж за медицинскиот тим.
Рита мораше да надмине бројни здравствени предизвици карактеристични за екстремно предвремено родените бебиња. Незрелоста на белите дробови бараше респираторна и кислородна поддршка, а во текот на лекувањето се соочи и со мозочно крвавење од втор степен, тешкотии со исхраната, проблеми со регулирањето на шеќерот во крвта и тешка форма на ретинопатија, за која беше потребен третман.
Сепак, со секој нов ден Рита правеше по еден мал, но значаен чекор напред.
Секој самостоен здив беше победа. Секој добиен грам беше причина за радост. Секоја дополнителна голтка мајчино млеко беше уште еден знак дека малото девојче не се откажува.
По три месеци интензивно лекување, борба и неизмерна грижа, Рита во добра здравствена состојба конечно замина во својот вистински дом, во прегратките на своите родители. Целата сторија прочитајте ја на следниот линк
Аналитика








