ПОВЕЌЕ

    Реномираниот интернационален сајт Global Banking & Finance за првпат UNIQA Македонија ја закити со победничка награда за 2022 година – “Најдобар осигурителен бренд во Македонија”

    Време зa читање: 2 минути

    Со ова признание, UNIQA уште еднаш ја потврди својата позиција како најдобар бренд присутен на пазарот за осигурување во Македонија .

    Престижното признание, Global Banking & Finance го темели на повеќе критериуми меѓу кои, довербата на клиентите, квалитетот на дадената услуга, препознатливост во индрустријата, иновации и развој на продукти, општествена одговорност, стратешка предност во однос на конкуренцијата и висина на полисирана премија .

    https://www.globalbankingandfinance.com/global-banking-finance-awards-2022-award-winners/

    „Оваа награда од светски рамки и меѓународната титула во светот е вистинска чест за нашата Осигурителна Компaнија и доказ за доброто менаџирање, здравиот деловен модел, довербата на клиентите и посветеноста на тимот. Благодарен сум на нашите клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ – изјави директорот Дритон Азизи.

    Со ова меѓународно признание од Global Banking & Finance – се потврдува дека UNIQA Македонија чекори по европските стандарди за осигурување.

    UNIQA Македонија е дел од Австриската осигурителна групација UNIQA ( UNIQA INSURANCE GROUP ), која во Европа е присутна со 40 друштва за осигурување во 18 држави.

    UNIQA во Македонија е застапена преку две друштва за осигурување – “УНИКА АД Скопје” во сегментот на неживотното осигурување и  “УНИКА ЛАЈФ АД СКОПЈЕ” во сегментот на животното осигурување, при што двете друштва се меѓу водечките осигурителни институции на македонскиот пазар на осигурување .

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично