ПОВЕЌЕ

    Нови кратења за намалување на трошоците на „Рено“

    Време зa читање: 2 минути

    „Рено“ најверојатно ќе мора да скрати повеќе трошоци отколку што првично беше планирано, а нејзините проекции за проток на готовина се алармантни, рече новиот извршен директор на францускиот производител на автомобили.

    Лука де Мео, поранешен извршен директор на „Фолксваген“, кој ја презеде функцијата извршен директор во јули, во меморандумот до синдикатите и вработените напиша дека создавањето готовина и враќањето на профитабилноста е непосреден приоритет.

    Целта е да се вратиме на вистинскиот пат и да ги решиме нашите најгорливи проблеми што е можно побрзо: касата и трошоците. Ова значи дека можеби ќе треба да одиме подалеку од предвиденото со нашите напори за намалување на трошоците “, рече тој.

    „Рено“ во мај официјално потврди дека нејзините глобални амбиции биле нереални и најави планови за намалување на околу 15.000 работни места, намалување на производството и преструктурирање во обид да заштеди 2 милијарди евра.

    Портпаролот на „Рено“ истакнал дека Де Мео работи на план за трансформација на компанијата, фокусирајќи се повеќе на профитабилноста отколку на обемот на продажбата.

    Според Де Мео „Рено“ е во „црвената зона“ затоа што пандемијата ги влоши моменталните проблеми.

    Нашите проекции за готовински тек се алармантни. Повеќе од било кога, ние мора да ги удвоиме нашите напори да постигнеме одржлива профитабилност и да генерираме проток на готовина“ изјавил Де Мео.

    Де Мео истакнал дека „Рено“ треба да се моделира исто како и францускиот ривал ПСА, производителот на автомобили „Пежо“, кој во последните години се фокусираше на кастрење на трошоците и производство на попрофитабилни возила.

    Во следните пет години ќе го направиме она што ПСА го направи во изминатите пет години“, рече тој.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично