ПОВЕЌЕ

    Раст на просечните камати во април: За кредитите стапка од 5,08 кај депозитите 1,17 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити во април бележи раст, покажуваат последните податоци на Народната банка. Просечната стапка на кредити е 5,08, а на депозитите 1,17 проценти.

    Стапката за кредитите е со месечно и годишно зголемување од 0,04 и 0,78 процентни поени, соодветно. За депозитите, пак, поместувањата се за 0,06 п.п. месечно и 0,49 п.п на годишно ниво.

    И на месечно и на годишно ниво зголемување има кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, за 0,18 и 1,46 процентни поени, па е дојдена до 5,44 проценти. За новите депозити стапката е 2,23 проценти, а месечниот раст е за 0,19, а годишниот – 1,58 процентни поени.

    Податоците на Народната банка велат – просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во април оствари месечно зголемување од 0,09 п.п. и изнесува 4,79 проценти. На годишна основа растот е за 1,34 п.п. Кај новите задолжувања, пак, каматата е повисока за 0,26 п.п. на месечна основа и изнесува 5,53 проценти. Анализирано на годишна основа, зголемувањето е за 1,90 п.п.

    Просечната каматна стапка на вкупните депозити на компаниите е 1,82 проценти, што претставува месечно зголемување од 0,08 п.п., а 0,99 п.п. во споредба со ланскиот април. Новите депозити во април добиле зголемена стапка за 0,52 п.п. и изнесува 1,62 проценти. Споредбата на годишна основа покажува раст од 1,10 п.п.

    За граѓаните, односно банкарската категорија домаќинства, стапката за вкупните кредити е непроменета во однос на март и изнесува 5,34 проценти. Во споредба со април лани, има годишен раст од 0,25 п.п. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е со месечно зголемување од 0,03 п.п. и изнесува 5,26 проценти. На годишно ниво е повисока за 0,75 п.п.

    Априлската состојба на стапката за вкупните депозити на домаќинствата покува месечен раст од 0,07 п.п. и достигнала 1,11 процент. На годишна основа придвижувањето е за 0,44 п.п.

    За новите вложувања на граѓаните се пресметува каматна стапка од 2,34 проценти, која во април пораснала за 0,07 п.п. Од аспект на годишното ниво, растот е за 1,65 процентни поени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично