ПОВЕЌЕ

    Профитот на Европската централна банка падна во 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    По неколку години раст, Европската централна банка (ЕЦБ) забележа пад на годишниот профит во 2020 година. Како што објави во својот годишен извештај, профитот падна на 1,6 милијарди евра од 2,4 милијарди евра, што беше износот во 2019 година.

    Намалувањето е резултат на пониските нето приходи од камати на девизните резерви и хартии од вредност што се чуваат за целите на монетарната политика, се вели во извештајот.

    Нето-приходот од камата на ЕЦБ минатата година изнесуваше две милијарди евра, што е за 669 милиони евра помалку од претходната година, додека нето-приходот од камата на девизните резерви падна на 474 милиони евра, од 1.052 милијарда евра во 2019 година.

    Покрај пониските приноси на девизното портфолио, има и пад на нето-приходот од камати на хартии од вредност чувани за монетарна политика. Тие приходи изминатата година изнесуваа 1,3 милијарди евра, што е за 110 милиони евра помалку отколку во 2019 година.

    Вкупното салдо на ЕЦБ се зголеми во 2020 година за 112,2 милијарди евра, на 569,3 милијарди евра. Ова зголемување е резултат на купување на хартии од вредност во рамките на новата програма за пандемски итни набавки (ПЕПП) и редовната програма за откуп на обврзници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично