ПОВЕЌЕ

    Пристигнати приливи од камата и дивиденда во Сава пензиски фонд

    Време зa читање: 2 минути

    Сава пензиски фонд преку соопштение до јавноста информираше дека на ден 23 август на сметката на Сава пензиски фонд пристигна прилив од дивиденда во износ од околу 6.774 долари, од инвестираните средства во компанијата Starbucks Corporation. На истиот датум пристигнати се приливи од камата во износ од 97.671,00 денари, 660.000,00 денари и 229.574,00 денари, по основ на орочен депозит во Халкбанк АД Скопје, ПроКредит Банка АД Скопје и Охридска Банка АД Скопје, соодветно.

    Воедно, од Сава пензиски фонд информираат дека истиот ден на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од дивиденда во износ од 166,57 долари од инвестираните средства во компанијата Starbucks Corporation.

    Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

    Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензискиот фонд имате на интернет-страницата до финансикиот извештај за прв и втор квартал 2019 на линкот www.sava-penzisko.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично