ПОВЕЌЕ

    Ангеловска: Прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години

    Време зa читање: < 1 минутa

    Министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил објави дека прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години.

    Во текот на утрешниот ден овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат,стои во објавата.

    Проверка на сите поднесени приговрои од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори.

    Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори, напиша министерката.

    До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори.

    Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка, напиша Министерката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично