Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Датум на објава: 04.07.2020

Време зa читање: 2 минути

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на КОВИД-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15 на 20 проценти. За да се информира јавноста што сè спаѓа под „македонски производи“, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 често поставувани прашања.

Прочитајте и ...  ИутеКредит и Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг

Документот, како што соопшти Министерството, е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинска управа и УЈП.

За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун, се вели во соопштението.

Прочитајте и ...  Околу 305 илјади граѓани користат домашна платежна картичка

За целите на искажување на прометот од македонските производи во фискалните сметки, посочуваат од МФ, производот може да се смета како домашен-македонски производ, доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на земјава.


Тагови: купувам домашно, прирачник,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: