Главната награда на МојДДВ ќе биде ЕДЕН МИЛИОН НАМЕСТО ТРИ МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Датум на објава: 01.07.2020

Време зa читање: 2 минути

МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на COVID-19 состојбата. Ќе има поголем број на дневни награди од 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија, променети износи на награди за месечните и главното извлекување, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот профил на „Фејсбук“.

Од јули до декември ќе има поголем број помали дневни награди, наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари ќе се доделуваат по 30 награди секој ден од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена – ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари. Месечното извлекување за јули ќе се изврши согласно постојните правила.

Прочитајте и ...  Шпанските банки размислуваат за трајно затворање на дел од филијалите

На 4-ти месецов ќе се одржи извлекувањето за 15 награди од по 100.000 денари во кое учествуваат сите скенирани фискални сметки во април, мај и јуни. На главното извлекување на 19 декември ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

Со оваа измена ќе се доделат повеќе награди на повеќе граѓани кои скенираат сметки и учествуваат во борбата против сивата економија и воедно ќе се овозможи 9,7 милиони денари од наградниот фонд да бидат донирани кон солидарниот ковид фонд за социо-економски мерки за справување со кризата.Купувајте 🇲🇰 производи! Скенирајте ! Остварете поголем поврат на ДДВ! Добијте шанса за награда… и придонесете во ревитализирање на македонската економија, порачува Ангеловска.

Прочитајте и ...  Македонија со најниски цени за живот, но и низок животен стандард

Тагови: ковид19, коронавирус, мерки, МојДДВ, Нина Ангеловска, пандемија,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: