ПОВЕЌЕ

    Преку „Флекс брокер“ осигурување на домот за нула денари во текот на првата година

    Време зa читање: 3 минути

    „Флекс брокер“ е новиот осигурителен субјект односно осигурително брокерско друштво кое на пазарот ќе понуди конкурентни пакети за осигурување. „Флекс брокер“ е дел од групацијата „Флекс“, во која покрај финансиското друштво „Флекс кредит“ од неодамна се вклучи и брендот „Земи пари“, кој успешно ја развива својата приказна.

    „Флекс брокер“ заедно со Националната агенција за наплата – НАН, се најновиот дел од групацијата за кој менаџментот има силни заложби и планови за развој. НАН е иновативен и ефикасен партнер во процесите на наплата и управување со долгови.

    Како што вели сосопственикот на „Флекс“, Горан Арсов, „Флекс брокер“, новиот осигурителен субјект на пазарот на осигурување ќе се обиде да се наметне како значајна компанија, поради широкиот спектар на услуги што ќе ги понуди, но и поради нивната уникатност и конкурентност.

    „Граѓаните ќе имаат можност за избор на низа осигурителни продукти кои треба да ја зајакнат оваа индустрија, која во земјава има голем потенцијал за раст. Како прв човек на брендот „Флекс“ во земјава, сакам да кажам дека избравме бројни професионалци, кои ќе раководат со „Флекс брокер“, луѓе со големо искуство и познавање“, вели Арсов.

    Во палетата осигурувања што се нудат, граѓаните имаат уникатна опција за избор на осигурување на домот, за што се креирани и посебни пакети. Она што е ексклузивно е што осигурувањето е бесплатно за првата година, додека за втората и третата година се плаќа преддефинирана сума според квадратурата на домот. Опција плус е што со договорот се добива можност за сериозен партнер за осигурување на возилото.

    Според директорот на продажба во „Флекс брокер“, Александар Атевски, брокерското друштво на пазарот ќе се разликува од другите по својот уникатен пристап кон клиентите, како и по лесната достапност на секој поединец до сите понуди.

    „Нашата цел со е да го направиме процесот на осигурување поедноставен, поблиску до граѓаните и бизнисите и да понудиме решенија што ќе ги задоволат специфичните потреби на нашите клиенти. Со широка палета на услуги, опфаќајќи сè од животно осигурување, осигурување на имот и автомобили, па до осигурување за мали и средни претпријатија, ќе бидеме подготвени да обезбедиме врвна услуга за секого“, вели Атевски.

    Тој истакна дека „Флекс брокер“ ќе соработува со сите компании на пазарот односно ќе располагаат со сите продукти што ги нуди пазарот, со цел да се најде најсоодветната понуда за клиентот.

    Во стандардниот пакет се обезбедува осигурување од пожар, удар од гром, но и други временски неприлики – луња и град, како и паѓање на воздушни летала, манифестација и излевање вода од водоводни и канализациски инсталации и уреди од топловодни инсталации. Во стандардниот пакет се добива осигурување и за поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земја, кршење на стакло на прозорците и вратите на станбениот објект.

    Во премиум-пакетот се вклучени и дополнителни штети, а тоа се: излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање од дрво, вандализам, кршење стакла на застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна преселба, трошоци за повторно изработување на уништени документи, трошоци за промена на брава и изработка на нови клучеви, во случај на изгубени или заклучени клучеви.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично