ПОВЕЌЕ

    Важно известување од Охридска банка за предвремена исплата на пензии за октомври

    Време зa читање: 2 минути

    Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за октомври 2020 година во периодот 27.10.2020 година – 30.10.2020 година согласно Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година на македонската влада.

    Од 27.10.2020 година (вторник), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија, како и преку мрежата на експозитури.

    Исплатата на пензиите ќе се врши според редоследот утврден од Владата на Република Северна Македонија:

    Охридска банка АД Скопје апелира до корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично