ПОВЕЌЕ

    ИВАНОВ: ЗАКОНОТ И ПРАВИЛНИКОТ СЕ ВО КОЛИЗИЈА — ДАТА ЦЕНТРИТЕ НЕ СЕ СКЛАДИШТА (МАГАЦИНИ)

    Време зa читање: 2 минути

    Дали законската рамка е усогласена за изградба на податочни (дата) центри? Филип Иванов, експерт за заштита на животната средина и контрола на индустриското загадување, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ укажува на колизија меѓу Законот за градење и правилникот за планирање на просторот. Според него, законот ја препознава сложеноста на овие објекти, додека правилникот ги сместува во категорија за складирање и чување податоци, односно како да се само магацини, без да имаат сложени елементи. Иванов нагласува дека општите закони нудат заштита при изградба на овие центри и меѓу другото, го поставуваат водоснабдувањето на населението како прв приоритет, но класификацијата на податочните центри мора да ја следи нивната вистинска функција: комплексна инфраструктура што работи непрекинато. Затоа предлага овие центри да бидат со нова класификација.

    Филип Иванов: „Додека Законот за градење ги дефинира податочните центри како прва категорија на градби за коишто треба највисоко ниво на проектирање и проектантот да исполнува највисоки нивоа на знаење, лиценци и така натаму, Правилникот за планирање на просторот, којшто е под Законот за урбанистичко планирање, ги дефинира податочните центри во зона Г4.7 како градби за складирање и чување на податоци. И тука доаѓаме во една колизија, заради тоа што податочните центри се сè, само не складишта.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично