ПОВЕЌЕ

    БИШЕВ во „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПРЕДЛОЖИВМЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ПЕНЗИСКО

    Време зa читање: 2 минути

    Првиот човек на Фискалниот совет Глигор Бишев, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, кажа дека не му предложиле на Собранието и на Владата само зголемување на старосната граница за пензионирање на мажите и жените на 67 години, туку и внимателно зголемување на придонесите за пензиско кое го плаќаат фирмите во Фондот за ПИОМ. Тој истакна дека зголемувањето од 0,7 процентни поени, но и дополнително зголемување од 1,5 процентни поени, нема да ја наруши регионалната конкурентност на македонските компании.

    „Вториот предлог е да постои и зголемување на стапката за придонес имајќи во предвид дека сегашната стапка на придонес во Македонија е 18,8 отсто, а во Србија е 25,5, во Унгарија 19,8, во Бугарија 19,8, во Словенија 24,4,а  во Албанија околу 20,8 проценти, Црна Гора 21, единствено пред Македонија е Косово кое има 10 проценти. Сите други земји имаат повисоки стапки на придонес во однос на Македонија, што значи дека не би се загрозила конкурентната способност во однос на регионот и затоа е предлогот тоа да оди внимателно.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично