За 2,3 милиони евра, односно за 0,64 проценти опаднала нето-вредноста на отворените инвестициски фондови. На крајот од март е во износ од 23,4 милјарди денари или 381,7 милион евра, за разлика од последниот ден на февруари и тогашните 384 милиони евра.
По реализираните активности во третиот месец од годинава, приливите завршија во црвената, а одливите на средства во зелената зона.
Според податоците од Комисијата за хартии од вредност, мартовскиот прилив на средства во отворените инвестициски фондови изнесува 32,8 милиони евра. Во споредба со претходниот месец, кога биле регистрирани приливи од 38,1 милион евра, се работи за намалување од 13,8 отсто.
Од друга страна, одливите на средства се повисоки за 25,19 насто. Во март се 27,8 милиони, а во февруари биле 22,2 милиони евра.
Сепак, инвестициските фондови се во позитива. Нето-разликата е во износ од 5,05 милиони евра. Повеќе од трипати е пониска од евидентираната во февруари – 15,9 милиони евра.