Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ предупредува дека политичкото влијание ги уништува институциите. Ивановска објаснува како политичките врски спречуваат спроведување на законот и инспекциите.
„Многу добар збор кажавте. Кој ве врти? Е сега ако земете факт дека во тој локал доаѓале познати бизнисмени, политичари, претставници на политичка партија од една, од друга страна, од сите, и сега тој газда што вика, “кој ве врти бе вас, инспектори?“ Многу убаво кажавте. Со два збора, сѐ. Тоа е политичкото влијание. Јас сум моќниот, тука и мене, кој ќе ме контролира бе, јас работам. Тоа е политичкото влијание. Сакаме дигитализација, сакаме решенија, многу просто. Ајде, првин регистар во Министерство за економија. Ајде, горе на врата, лиценца, број тој и тој. Па, прво и прво, вашите колеги, нели сите сте истражувачки новинари, нема да се з’гнете да ги проверите тие лиценци, кој број се, имаше многу убави предлози на социјалните мрежи.“
Гледајте нѐ и притиснете „subscribe“ на каналот ПАРИ. Премиерите се секој четврток во 12.00 часот. Сите содржини се бесплатни, овозможени од пријателите на поткастот кои веруваат во јавната дебата и транспарентност.