ПОВЕЌЕ

    Подаруваме книги + литературно кафе

    Време зa читање: 4 минути

    Подаруваме книги за личен развој на нашите читатели.

    Порталот Пари во соработка со издавачката куќа Икона подаруваат три книги. Се што треба да направите е да одлучите која од трите книги подолу ќе ја подарите.

    Потоа лајкнете ја Фејсбук страната на Пари, и во коментар на овој пост тагнете пријател/ка и името на книгата која сакате да ја поклоните. Вие и Вашиот пријател/ка ќе бидете и добитник на кафе во книжарницата Икона, лоцирана на ул. Максим Горки Бр 17 во близина на Швајцарска Амбасада.

    Со повеќе означени/тагнати пријатели во посебни коментари ги зголемувате шансите.

    Среќните добитници ќе бидат објавени во петок (03.07.2020)  во 12:00 часот по случаен избор.

    ПСИХОЛОГИЈА НА ПРОДАЖБАТА – БРАЈАН ТРЕЈСИ

    Секој продава нешто, било да е продукт, услуга, философија, идеја или најважното – себе!

    Целта на оваа книга е да ви даде серија идеи, методи, стратегии и техники што можете да ги користите веднаш за да остварите поголема, побрза и полесна продажба од кога било досега. Книгата претставува ветување за просперитет што продажниот гуру Брајан Трејси го однесе многу далеку. Повеќе луѓе од продажбата станаа милионери како резултат на слушање и примена на неговите идеи, отколку од која било друга обука за продажба.

    ,,Клиентите купуваат емоционално, а потоа тоа логички го оправдуваат”

     

    УМЕТНОСТА НА ВОЈУВАЊЕТО – СУН ЦУ

     

    ,,Оној кој не може да дојде до победа зазема одбранбен став, тој кој е во состојба да дојде до победа – напаѓа.”

    Мудри зборови од вистински генијалец. Иако книгата е напишана пред многу векови како помош при воена тактика, изненадувачки е тоа што сеуште има големо влијание во секојдневниот живот.

    „Уметноста на војувањето“ на Сун Цу е многу влијателно дело за источна воена стратегија од времето на завојуваните држави во Кина 403-221 пне па до ден денес.

    Иако нејзиниот прв превод на европски јазик беше дури во 1782 година, значењето на книгата беше брзо препознаено, па дури и кај такви највисоки личности од западната историја, како Наполеон и генералот Даглас МекАртур, кои тврдат дека тоа е извор на инспирација.

    Во „Уметноста на војувањето“ тој препорачува:

    Надвладејте во расправа без борба. Ако го познавате противникот и се познавате себеси, не треба да се плашите од резултатот на стотици битки. Ако се познавате себеси, но не и непријателот, за секоја стекната победа ќе претрпите и пораз. Ако не го познавате ниту непријателот ниту себеси, ќе подлегнете во секоја битка.

    Научете како да стигнете до вашите најголеми победи без битка преку призмата на легендарниот Сун Цу. Со само 30 минути издвоени во текот на денот, своето искуство за само 3 дена ќе го збогатите со древните мудрости на Сун Цу и неговата Уметност во војувањето.

    ЛИДЕРСТВО – МОЌНИ ПОТЕЗИ

    ,,Ништо – ниту планови, ни поттици, ни визиии – не можат да се натпреваруват со едноставната лидерска вистина – искрена посветеност кон луѓето.”

    Оваа книга ги анализира тврдокорните, високо фокусирани искуства од најголемите и намоќните играчи во бизнисот, како што се Ворен Бафет и Стив Џобс, на низа теми неопходни за успех на денешниот конкурентен пазар. Во неа ќе ги најдете најдобрите тактики, стратегии, совети и како да ги примените истите. Оваа практична книга покажува како да се прилагодат победничките стратегии на најуспешните лидери во светот – вклучително и увид во личности како Џек Велч и Алан Г. Лајвли.

     

    Книготека Икона е основана во 2001 година. Во моментов со книжарници на улица Максим Горки бр.17, ул. Македонија бр. 29 и Рамстор.

    Икона е увозник и дистрибутер на: КНИГИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК Соработува со водечки издавачки куќи во Велика Британија, Германија и САД (Penguin/Random House, DK, Harper Collins, Orion Group, Usborne, Egmont, H.F. Ullmann) ИГРАЧКИ Schleich – Германија; PlayMais – Германија ПРОИЗВОДИ ОД ХАРТИЈА, КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОБОР и ПОДАРОЦИ Brunnen & Heyda – Германија, Stewo – Швајцарија, Paperblanks – Ирска, Fridolin – Германија.

    Следете ја Икона на:
    facebook.com/ikonabookstorе
    instagram.com/knigotekaikona

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично