ПОВЕЌЕ

    ПОЧЕТНИТЕ БИЗНИСИ ПОД ЗАКРИЛА НА БИЗНИС-АНГЕЛИТЕ, конечно се подготвува закон и во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Бизнис – ангелите имаат клучна улога во европската економија особено во делот на малите и средните претпријатија, додека во Македонија концептот на бизнис ангелите не е доволно развиен.  Голема улогата на бизнис ангелите во поддршката на претприемништвото, иновациите и економскиот раст.

    Банките не позајмуваат пари на старт-ап компании, освен ако има куќа или депозит во банка како гаранција. Фондовите, кои вообичаено инвестираат во оваа област, преминаа во фаза на инвестирање во поетаблирани компании.

    Бизнис ангелите всушност инвестираат одреден процент од своите пари во бизнис проекти или старт-ап програми. Овие инвеститори се најчесто луѓе кои се долги години на одговорни позиции во големи корпорации, кои освен финансии можат исто така да обезбедат и корисни совети и да ги упатат младите претпирмачи во бизнисот. Она што бизнис ангелите бараат е одличен тим и добар пазар, преку кој можат, во најдобар случај, да ги повратат вложените пари повеќекратно во рок од 5 години.

    Поради клучната улога што ја имаат ангели инвеститори, конечно во Македонија ќе се подготви закон со кој искусни бизнисмени ќе се мотивираат да инвестираат во нови потфати.

    -Законот што се изготвува ќе дефинира кој може да стане бизнис ангел и под кои услови може да работи, кои се придобивките и процедурите. Наведени ќе бидат даночните и другите олеснувања на кои ќе имаат право бизнис ангелите. Донесувањето на оваа законска рамка е од клучно значење не само за охрабрување повеќе поединци да станат бизнис ангели, туку и за обезбедување транспарентност и одговорност во овој процес – посочи министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

    Тој додаде дека бизнис ангелите не се само извори на финансирање, туку и катализатори за иноваци. Нудат пари, но со парите нудат и искуство, експертиза за малите и средните претпријатија во клучните фази од нивниот развој, кога традиционалните финансиски институции често не сакаат да го сторат тоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично