ПОВЕЌЕ

    Задолжителните пензиски фондови од оваа година со намален надоместок од уплатени придонеси

    Време зa читање: < 1 минутa

    Задолжителните пензиски фондови КБ Прв отворен задолжителен пензиски – фонд Скопје, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје ја започнаа 2023 година со намален надоместок од уплатени придонеси.

    Почнувајќи од 01.01.2023 година висината на надоместокот од придонеси на КБ Прв отворен задолжителен пензиски – фонд Скопје, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје ќе изнесува 1,90% од уплатените придонеси, наместо претходно важечкиот 2,00 %.

    Што ова значи?

    Со намалувањето на надоместокот од придонеси се обезбедуваат поголеми приливи на индивидуалните сметки на членовите, а со тоа и повисока пензиска заштеда.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично