ПОВЕЌЕ

    Пензијата во Халкбанк ќе се исплаќа порано

    Време зa читање: 2 минути

    Халкбанк АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии на 26 – ти ноември (четврток) и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

    Со цел нивна поголема заштита, Банката ги повикува пензионерите користењето на ноемвриската пензија да ја извршат преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.

    За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

    • До 11.000 денари                   26.11.2020 г. (четврток)
    • 11.001-14.000 денари            27.11.2020 г. (петок)
    • 14.001-18.000 денари            30.11.2020 г. (понеделник)
    • Над 18.001 денари                 01.12.2020 г. (вторник)

    На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

    Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери кои ќе работат, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, ќе бидат ангажирани лица за одржување на редот, се’ во насока за зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје.

    Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично