ПОВЕЌЕ

    „Пекабеско“: И на домашниот пазар добро се заработува

    Време зa читање: 2 минути

    Инвестиции од над еден милион евра и добивка од 1,2 милиони евра се главните обележја на деветмесечното работење на акционерското друштво „Пекабеско“.

    Во трите квартали компанијата евидентирала вкупни консолидирани приходи од 4.013 милиони денари или 65 милиони евра. Тоа упатува на стабилна продажба, затоа што приливите се на еднакво ниво во споредба со остварените во споредбениот минатогодишен период. Притоа, во структурата на вкупните приходи, со 99-процентна е доминацијата на домашниот пазар, од каде што се обезбедени 56 милиони евра. И тука нема отстапки, во однос на состојбата од септември 2022.

    Остварените вкупни консолидирани расходи изнесуваат 3.933 милиони денари, односно 63,7 милиони евра и се на исто ниво како и лани.

    Оттаму и добивката од 111,380 илјади денари, што е противвредност на 1,8 милиони евра и е повисока од лани нотираните 75,479 илјади денари/1,2 милиони евра.

    Инвестициите реализирани од јануари до септември се во производствена, компјутерска и канцелариска опрема. Се работи за вложени 65,2 милиони денари (над еден милион евра).

    Сето ова е изведено од страна на 434 вработени. Бројот на работно ангажираните е намален за 36 лица во однос на минатата година.

    Од компанијата посочуваат дека се се одвива според планот – ликвидноста е задоволителна, залихите на готови производи, стоки и репроматеријали се на соодветно ниво.

    Освен артиклите препознатливи по брендот „Пекабеско“, компанијата врши дневна дистрибуција и продажба на повеќе од 400 различни производи на домашниот и на регионалниот пазар – Србија, БиХ, Косово и Црна Гора. Годишното производство достигнува девет илјади тони.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично