ПОВЕЌЕ

    ПАРИ АНАЛИЗА: Короната ни го зголеми апетитот. Фантастични 650 милиони евра завршија во 9 маркети

    Време зa читање: 4 минути

    Корона кризата изгледа ни го зголеми апетитот. Стравот за сопствениот живот, затворени по дома, во карантини и со полициски часови на граѓаните најголемата утеха и разонода им остана трпезата. Податоците говорат за фантастична сума на пари кои граѓаните ги потрошиле само за храна, обемни ручеци, винце, пиво секоја вечер, нешто за грицкање.

    Порталот Pari.com.mk во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк на која може да се најдат сите информации за состојбата на домашните компании и пошироко во регионот ви откриваат дека ни помалку ни повеќе туку неверојатни 40 милијарди денари или 650 милиони евра за време на пандемијата граѓаните потрошиле во само 9 ланци на маркети.

    -Прво мислевме дека пандемијата нема да трае толку долго. Се впуштивме во купување на храна, речиси секој втор трет ден за четиричлено смејство трошевме минимум 2.000 до 3.000 денари.Малку и стравот делуваше кога се плашиш за својот живот и затворени по дома, не ме изненадува маркетите толку да заработат очигледна беше гужвата, вели Иван К.

    Она што БизнисМрежа.мк го дава како податок од финансиските извештаи на овие компании ќе биде основа за оваа анализа, сликовито прикажано преку 2 табели во продолжение.

    НазивПриходи 2018Приходи 2019Приходи 2020Раст 2018/2019Раст 2019/2020
    КАМ 130,627,294 €148,975,890 €169,592,376 €14.05%13.84%
    ТИНЕКС-МТ93,943,762 €92,069,330 €96,911,000 €- 2.00%5.26%
    ВЕРОПУЛОС81,517,562 €83,504,737 €88,274,334 €2.44%5.71%
    СТОКОМАК51,836,865 €61,148,018 €78,193,550 €17.96%27.88%
    КИППЕР МАРКЕТ47,864,462 €58,478,347 €72,711,119 €22.17%24.34%
    КИТ-ГО54,226,812 €63,309,487 €65,171,640 €16.75%2.94%
    РАМСТОРЕ60,883,927 €61,878,291 €53,642,218 €1.63%-13.31%
    ГРАНДПРОМ-ЗУР14,732,531 €16,901,295 €20,850,713 €14.72%23.37%
    РЕПТИЛ15,768,084 €15,950,466 €16,256,252 €1.16%1.92%

    КАМ МАРКЕТИ СУПЕРИОРЕН СО НАЈГОЛЕМ ПРИХОД ОД 169 МИЛИОНИ ЕВРА

    Суверен лидер на пазарот се ланецот на маркети КАМ со вкупно остварени приходи од 169 милиони ЕУР, позиција која КАМ успешно ја одржува во последните 3 години. Покрај тоа, КАМ дополнително ја зајакнува својата позиција со тоа што од година во година се зголемува разликата помеѓу нив и останатите конкуренти. На листата надолу следува една петторка (ТИНЕКС-МТ, ВЕРОПУЛОС, СТОКОМАК,КИППЕР МАРКЕТ И КИТ-ГО) која според износот на приходи е во рамки од 65-88 милиони ЕУР, а последните 3 позиции се резервирани за РАМСТОРЕ,ГРАНДПРОМ-ЗУР и РЕПТИЛ, кои генерирале приходи во износ од 16-53 милиони ЕУР.

    Најголем годишен раст на приходи е евидентиран кај СТОКОМАК (27.8%), додека со слични бројки се и КИППЕР МАРКЕТ И ГРАНДПРОМ-ЗУР, каде растот се движел околу 24%.

    За одбележување е дека РАМСТОРЕ е единствената компанија од оваа листа која има пад на вкупните приходи, односно изгубила дел од маркет пропорцијата. Кај нив забележан е пад од 13.3%.

    За време на пандемијата 6 компании од оваа група успеале да ја завршат годината со поголем пораст на приходи, во однос на предходната година, а најголем скок оствари ГРАНДПРОМ-ЗУР.

    ВЕРО НЕПРИКОСНОВЕН ЛИДЕР СО ДОБИВКА ОД НАД 10 МИЛИОНИ ЕВРА

    Вкупните добивки на овие компании, согласно достапните податоци од biznismreza.mk, се прикажани во следната табела.

    НазивДобивка 2018Добивка 2019Добивка 2020Раст 2018/2019Раст 2019/2020
    КАМ 3,414,468 €4,816,076 €4,886,202 €41.05%1.46%
    ТИНЕКС-МТ3,176,658 €2,856,369 €3,643,087 €- 10.08%27.54%
    ВЕРОПУЛОС9,190,738 €8,189,037 €10,493,938 €- 10.90%28.15%
    СТОКОМАК1,663,247 €1,692,242 €3,028,999 €1.74%78.99%
    КИППЕР МАРКЕТ1,555,333 €2,640,672 €3,432,050 €69.78%29.97%
    КИТ-ГО1,655,255 €2,392,544 €1,960,198 €44.54%- 18.07%
    РАМСТОРЕ2,057,566 €1,994,326 €300,328 €- 3.07%- 84.94%
    ГРАНДПРОМ-ЗУР284,732 €265,421 €595,302 €- 6.78%124.29%
    РЕПТИЛ5,799 ЕУР173,801 €87,124 €2897.04%- 49.87%

    Иако КАМ и ТИНЕКС-МТ имаа највисоки приходи, сепак според остварената добивка неприкосновен лидер е ВЕРОПУЛОС. Оваа компанија ја затворила 2020 година со добивка од над 10 милиони ЕУР, што е повеќе од двојно од најблискиот конкурент КАМ.

    Она што беше иницијален показател за брзото ширење на пазарот на компанијата ГРАНДПРОМ-ЗУР, преку растот на приходите, сега е потврдено и преку растот на добивката. Оваа компанија успеала за време на криза да оствари раст на добивка од неверојатни 124%.  Но, од друга страна треба да имаме во предвид дека апсолутните бројки укажуваат на тоа дека добивката на ГРАДНПРОМ-ЗУР  е од 6-18 пати пониска од добивките на трите најголеми компании(ВЕРОПУЛОС, ТИНЕКС-МТ и КАМ). Сепак не сите се снашле добро за време на Ковид-19. Има 3 компании кои имаат пад на добивката во споредба со 2019 година, а таму лидер е РАМСТОРЕ, со пад од 85%. Листата се комплетира со РЕПТИЛ, кој остварил помала добивка со скоро 50%, и КИТ-ГО, чија добивка е помала за 18%.

    Она што треба да го непоменеме е дека растот на овие компании е правопропорционален со бројот на вработени. Така од една страна поголеми средства од домаќинствата завршиле кај маркетит, но од друга страна тие маркети го зголемиле бројот на вработени за 272, само во последната година. Светскиот тренд на изумирање на локални продавници, со засилено темпо и без исклучок е случај и во Македонија и истиот само повеќе ќе се интензивира со ново најавените трговски центри, а од друга страна и маркетите го следат овој тренд преку отворање на што поголеми и поопремени продавници кои може да ги задоволат префинетите барања на потрошувачите.

    Прочитај и: ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ:Куп пари за Систина и Жан Митрев, ги дуплирале милионите во корона кризата!

     

    Пишува: Редакција Пари
    Извор на податоци: БизнисМрежа.мк

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично