Младата сликарка Дефне Еминовска е прогласена за победник на конкурсот и нов член на Клубот на таленти на Охридска банка! Дефне освои парична награда во износ од 60.000 денари!
На 26 септември 2019, Охридска банка одржа аукција на која ги понуди на своите клиенти дванаесетте дела насликани за време на Меѓународната колонија Вевчански видувања од младите сликари. Вкупната сума која беше собрана од продажбата на дванаесетте дела е 330.000,00 денари и истата Банката ќе ја донира на Факултетот за ликовни уметности.
Победникот беше одлучен по вкрстување на податоците за број на поени добиени од стручната жири комисија составена од академик Васко Ташковски и академскиот сликар Славе Упевче со највисоката постигната цена за една слика.