ПОВЕЌЕ

    Охридска банка со добивка од 7,4 милиони евра

    Време зa читање: 4 минути

    Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 1.1.2020 до 30.9.2020 г. изнесува 457,5 милиони денари, бележи зголемување од 72 милиони денари или пораст од 18,7% споредено со истиот период минатата година.

    Порастот на финансискиот резултат е резултат на значително намалената цена на чинење на ризикот. Остварените оперативни приходи се под влијание на работењето во услови на глобална пандемија и нејзините ефекти врз глобалната побарувачка и понудата на економски и финансиски ресурси, во услови на значителна неизвесност во економската активност на голем дел од деловните и економските субјекти.

    Нето-приходите од камати на крајот од третиот квартал од 2020 година изнесуваат 799,6 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 32,2 милиони денари, или за 3,9 %, при што приходите од камати бележат поголемо намалување од 55,4 милиони денари споредено со намалувањето на каматните расходи за 23,2 милиони денари. Реализацијата на нето каматните приходи во најголем дел е под влијание на значителниот пазарен притисок, а со тоа и пад на активните каматни стапки за кој пазарните услови не дозволуваат истиот да биде соодветно компензиран на страната на изворите на средства, како и помалиот износ на запишани благајнички записи согласно одлуката на Народна банка за намалување на износот кој деловните банки може да го запишат во благајнички записи и намалената каматна стапка  кај благајничките и државните записи.

    Каматните приходи се намалени во најголем дел како резултат на пониските каматните приходи од пласмани кај секторот компании кој беше под најголем пазарен и конкурентски притисок кај активните каматни стапки, додека приходите од камати на кредитите кај население и покрај влијанието на пониската просечна каматна стапка, бележат раст благодарение на зголемената состојба.

    Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 211 милиони денари, е намален за 44,7 милиони денари или за 17,5 % во однос на истиот период минатата година. Приходите од провизии и  надоместоци бележат намалување од 40,2 милиони денари, при што значително е намалувањето на  провизиите од платните системи како резултат на намалениот обем на трансакции, провизиите од услугите кај кредитните производи, издадените гаранции, картичното работење исто така бележат намалување. Трошоците за провизии и за надоместоци бележат зголемување за 4,5 милиони денари во однос на третиот квартал претходната година, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење и износот на надоместок за услуги од финансиски институции.

    Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 89,2 милиони денари, и се намалени за 24,1  милиони денари или за 21,3 % во споредба со истиот период од минатата година, во најголем дел поради намалената активност на економските субјекти во услови на глобална пандемија.

    Другите приходи изнесуваат 37 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се намалени за 49 милиони денари. На износот на другите приходи во минатата година најголем ефект имаше остварениот приход од отстапување на претходно отпишани побарувања.

    Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од  септември 2020 година изнесува 93,7 милиони денари и, споредено со истиот период во 2019 година, бележи намалување од 228,1 милиони денари, односно 71 % ,во кој значајно позитивно влијание имаат и приходите од отстапувања на побарувања.

    Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ септември изнесуваат 585,6 милиони денари и споредено со претходната година, бележат зголемување од 6 милиони денари. Во анализираниот период намалување бележат кај трошоците за вработените, трошоците за службени патувања, трошоци за транспорт на готовина, трошоците за осигурување, трошоците за репрезентација и трошоците за закупнини. Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците поврзани со картичното работење, трошоците за хардвер и софтвер, со осигурувањето на депозити. Заради преземање на неопходните мерки за заштита на вработените и на клиентите, а во согласност со препораките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, бележат пораст трошоците за набавка на заштитни маски, опрема, средства за хигиена и за дезинфекција на просториите на Банката.

    Во услови на глобална пандемија на вирусот Ковид-19, Банката во целост ги почитува мерките донесени од Владата и НБРСМ, го приспособи своето работење согласно донесените уредби и дополнително превзеде активности за заштита на клиентите, како и вработените во Банката.

    Банката ги дефинираше критичните функции и потребните вработени за обезбедување на континуитет на клучните функции, обезбеди безбедно опкружување и обезбеди работење од далечина онаму каде што е можно, постои активно следење на приливите и одливите, паричните текови и комуникација од далечина со корисниците на кредити со значајна кредитна изложеност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично